Тандем Параглајдинг

За секој учесник на фестивалот овозможивме и тандем летови од Мечкин Камен, еден од омилените европски стартови во во овој спорт. Искусните пилоти на клубот Heli XC ве носат на адреналинска авантура која никогаш нема да ја заборавите!

Повластени цени од 1500 ден. само за учесниците, летот трае 20-30 минути а рутата зависи од временските услови. Во цената е организиран превоз до месотото на летање и слетување! Летовите ќе се одржат на 6ти Август.

Пријавувањето е на contact@wheninkrusevo.mk , а наскоро ќе има и онлајн пријавување и плаќање за овој посебен настан, дел од нашиот фестивал.

Побрзајте, местата се ограничени!