На следниот линк можете да ја спуштите изјавата за учество на фестивалот: Izjava-na-ucesnicite.

Важно: секој учесник задолжително мора да ја потпише изјавата пред да земе учество во превидените активности во рамките на фестивалот.

 

ПРАВИЛНИК ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ “When in Krusevo”

Член 1

Секој учесник пред стартот потпишува поединечна изјава во која изјавува дека возењето на МТБ турата, планинарската тура, тандем параглајдинг, кајак, и сите останати активности предвидени во програмата на „When in Krusevo 2020 “ се на сопствена одговорност, дека ќе ги почитува дадените опасности обележани од страна на организаторот и дека ќе ги почитува мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19, пропишани од Комисијата за заразни болести. Секој учесник е должен да носи заштитна маска или марама, да одржува социјална дистанца и да избегнува групирања и собири. Целокупната одговорност е на страна на учесникот. Изјавата е валиден документ со кој организаторот може да ја потврди пред надлежни органи.

Член 2

Секој учесник треба да има со себе комплетна велосипедска опрема (кацига, заштитни ракавици, соодветна облека за возење и сл.). Возењето без кацига е на одговорност на учесникот. Исто така потребна е соодветна психовизичка подготвеност за планинарскте тури, исхраната е од ранец, вода најмалку 1.5л. и планинарска опрема согласно временските прилики и најавена временска прогноза.

Член 3

Организаторот не превзема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на личните предмети на учесниците, затоа ги советува  сите учесници да ги носат вредните предмети со себе.

Член 4

Учесниците прифаќаат да бидат дел од снимениот материјал (фотографии, видеа и сл) со кои подоцна организаторот ќе може да ги употреби за сопствени цели (снимање на документарци, видео клипови за настанот и сл.)

Член 5

Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради безбедносни причини.

Член 6

Со оваа изјава давам изречна согласност здружението Аутдор Манифест да ги користи, односно врши обработка на моите лични податоци, како и да ги чува во збирката на лични податоци, за потребите на здружението се додека има потреба од истите, по што истите ќе бидат избришани/уништени, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Го задржувам правото во секое време повлекувањето на согласноста да го дадам писмено или во било која друга форма.

Оваа изјава ја давам доброволно, под целосна, морална, материјална и кривична одговорност