И оваа година одличен распоред за концерти и забава на отворено на фестивалот When in Krusevo!

 

Петок, 29 јуни 

  • 20.00 DJ Бапчу, Крушево

  • 21.00 Балкан Џем, Струга

  • 23.00 Игор Џамбазов и Гуру Харе, Скопје

  • 01.00 Крејзи Славе, Охрид

Сабота, 30 јуни 

  • 22.00 Rootboy Selector, Струга

  • 23.00 Inner Circle, Јамајка

  • 01.00 Бета Хаус, Скопје

Недела, 30 јуни 

  • 13.00 DJ Јован Шапе, Крушево  /  денска журка градски парк

Како главна атракција ни доаѓа култниот реге состав од Јамајка, Inner Circle. Во рамките на нивната Светска турнеја, славните Bad Boys of Reggae во сабота ќе настапат на отворено на главната сцена во близина на Крушевското Езеро. Неизбежен дел од нивниот репертоар се познатите Bad Boys, Sweat (A La La Long, Da Bomb, Games People Play и многу други.

За прв пат во Крушево доаѓаат и Бета Хаус, ветуваат незаборавна забава до раните утрински часови, ќе настапат веднаш после гостите од Јамајка, во текот на главната саботна вечер.  За да останеме на нозе и во позитивна атмосфера ќе се погрижи Rootboy Selector.

За да имаме одлично отворање, тука се легендите на македонската сцена, Игор Џамбазов и бендот на Гуру Харе. Настапуваат во петок, а поголема најава не им е потребна.

Балкан Џем, не враќаат во времето со добар репертоар од овој регион. Претставници од домашната сцена се DJ Бапчу и DJ Јован Шапе, а скоро како домашен го имаме и DJ Крејзи Славе, составен дел на секоја велосипедска тура, овој пат задолжен за забава.