Незаборавна параглајдинг авантура над покривот на Крушево. Доживејте го неповторливиот поглед над кумитското Крушево. Уживајте во пејзажот над крушевските природни убавини. За учесниците е обезбеден превоз до стартот, на Мечкин Камен, еден од најдобрите Светски параглајдинг терени. Летот започнува од Мечкин Камен, се извива над Крушево, а вклучен е и гратис поглед врз Крушево, Мечкин Камен, Слива, Крушевскиот орман, Крушевското езеро…

Важно: тандем летовите ќе бидат изведени од искусни пилоти од тимот на Heli XC , предводени од еден од најискусните пилоти Игор Тодевски.