Тимот на FITNESS CHALLENGE кој е составен од професионални тренери за кондициони подготовки и фитнес ќе Ви презентира вежби со сопствена тежина кои се најефективни и најефикасни за постигнување на максимален ефект. Ќе Ви бидат посочени придобивките од физичка активност за зачувување и подобрување на Вашето здравје и живот. Филозофијата на FITNESS CHALLENGE е да Ве обучи како да вежбате во континуитет без разлика каде патувате и колку секојдневни обврски имате, бидејќи секогаш се изведуваат комплекс вежби исклучиво со сопствена тежина кои не бараат дополнителна опрема.

Презентацијата ќе опфати вежби за брзо опоравување после напорни физички активности, како што се планинскиот велосипедизам, планинарењето и планинското трчање. Посете ја презентацијата и научете како да го релаксирате Вашето тело и да ја одржите Вашата кондиција на највисоко ниво.