Крушевската природа, свежиот чист воздух и прекрасниот поглед се подготвени за Вас. 

 

Оваа година големата планинарска тура започнува од манастирот св. Преображение до врвот Мусица (1788 мнв), највисоката точка на Бушева планина. Потоа продолжува до крајната дестинација, прекрасното место наречено “Крстови”, каде сите авантуристи ќе уживаат во еден од најубавите погледи. 

Малата планинарска тура започнува од Спомен куќата Тоше Проески, преку историската Слива каде се одвивала најголемата битка за одбрана на Крушевското население. Турата продолжува низ Крушевската корија, до скијачите терени каде можете да искусите едно ново авантуристичко уживање во ресторан Алто. 

Опис на големата тура: 

Искачувањето започнува во сабота  година во 7.45 часот пред манастирот св. Преображение 

Целиот пат е низ шумска ливада, мал дел низ шума 

Висинска разлика околу 400 метри 

Тежина: средна

Должина: 16км

Патеката е погодна за сите оние што се имаат качено на некоја планина во изминатиов период

 

Опис на малата тура: 

Искачувањето започнува во сабота (07.08.2021) година во 09.30 часот пред спомен куќата Тодор Проески

Целиот пат е низ шума, мал дел низ шумска ливада 

Висинска разлика околу 400 метри 

Тежина: лесна

Должина: 8км

Патеката е погодна за сите оние кои се физички активни

 

 

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
– Разгазени планинарски чевли
– Планинарски стапчиња
– КАПА за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.

* Опис на планинарските тури и сите дополнителни информации ќе бидат истакнати пред самото тргнување

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки

– Секое учество на предвидените активности е на сопствена одговорност.

 

ТУРАТА ќе се одвива по посебен ПРОТОКОЛ за запазување на мерките за КОВИД 19
– Сите мерки искажани од министерството за здравство се на сила.
– На почетокот и за време на турата растојанието помеѓу учесниците да биде минимум 2 метра, а доколку не е возможно да се држи растојание мора да се носат заштитни маски.
– Во текот на искачувањето одалеченоста на еден до друг учесник да биде 2м
– При застанување да нема групирања на повеќе од тројца планинари.
– Доколку во текот на искачувањето некој кашла, се препорачува тој член да ја пушти колоната и да остане последен во групата на самата опашка на колоната.