Почитувани пријатели,

Суштината на нашата приказна е љубовта кон родниот град Крушево. Како истомисленици и искрени вљубеници во природата, традицијата, авантурата и урбаната забава, ние другарите Антонио, Димитар, Таки, Петар и Влатко, го оформивме Outdoor Manifest. Основната мисија и цел на нашето еколошко друштво е повторно заживување на Крушево, преку промоција на прекрасната крушевска природа во целиот нејзин сјај и потенцијалот за алтернативен туризам, кој во неизмерна големина го поседува нашиот град. Нашата визија за Крушево ја реализираме преку веќе добро познатиот When in Krusevo фестивал, претставувајќи ги уникатните квалитети на нашиот град: разновидни спортски планински активности, рекреација во чиста природа и планински воздух, урбана забава со квалитетна музика и пред се дружење и многу љубов.

Во наше име и во име на сите крушевчани, Ви посакуваме топло и срдечно добредојде на When in Krusevo настаните.

Со љубов и почит,

Другарите од Outdoor Manifest