ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА 2026

Почитувани,

 

Поттикнати од богатата традиција, култура и природните убавини кои ги нуди Крушево и неговото опкружување со особено задоволство ви ја претставуваме програмата на тридневениот “outdoor” фестивал – „When in Krusevo“, кој ќе се одржи во Крушево од 03.07.2026 – 05.07.2026, повторно нудејќи бројни outdoor активности, МТВ тури, планинарење, трчање, адреналински параглајдинг погледи, незаборавни јавања низ крушевската природа, забавни и други настани.

Во рамките на „When in Krusevo 2026“ ќе бидат организирани низа активности, според следната агенда:

 

Петок 03.07.2026

  • 16:00-20:00 пристигнување и пријавување на учесниците во Крушево
  • 18:00 chillout zone во камп зоната на крушевско езеро
  • 21:00 официјално отворање, Градски парк
  • 22:30 Влатко Гроздановски, Градски парк
  • 00:30 SEMPRE, Градски парк

 

Сабота 04.07.2026

  • 07:45 Планинарска тура 10км (Старт: Манастир св. Преображение)
  • 09:30 Велосипедска тура 20км (Старт: Спомен куќа Тодор Проески)
  • 11:00 Крос-кантри велосипедска трка Oxygen, Ресторан Алто, Станиќ
  • 12:00-18:00 Дневни активности:
  • 12:00 Забава на отворено (Ресторан Алто, Станиќ)
  • 12:00 Вештачка карпа, адреналински парк, изнајмување на велосипеди и четириколки, chillout zone – Ресторан Алто, Станиќ
  • 11:00 Промотивен тренинг во биатлон со ласерски биатлонски пушки Biathlon 4all, Ресторан Алто, Станиќ
  • 13:00 Кајак, SUP, јавање на коњи, chillout zone (Крушевско езеро)
  • 17:30 Јога, Крушевско езеро
  • 21:00 забава на отворено, Градски парк
  • 22:30-00:30 забава на отворено, АРЕА, Градски парк
  • 01:00-03:00 The After, Градски парк

 

Недела 05.07.2026

  • 10:00-15:00 Посета на музеи и запознавање на историјата и традицијата
  • 10:00-16:00 Тандем параглајдинг на Мечкин Камен
  • 11:00 Chillout zone, Kрушевско езеро и Ресторан Алто, Станиќ
  • 11:00 – 14:00 ИНКЛУЗИВЕН НАСТАН:
  • 11:00 настан за подигнување на свеста за социјално ранливите лица и детски игри (Градски парк)
  • 11:15 Музички настап на социјално ранливи лица
  • 12:30 Саем на храна и пијалоци (Градски парк)
  • 16:00 Еко акција, ресторан Алто, Станиќ
  • 18:00 Затворање на фестивалот

 

 

*Организаторот го задржува правото да изврши евентуални корекции и измени на програмата на фестивалот.

Со почит,

ЕД Аутдор Манифест Крушево