English Info

ШТО?

„Трчај во Крушево” претставува еднодневен настан (трка) во планинско трчање која ќе се одвива во рамките на фестивалот When in Krusevo. Се работи за трка со должина од 24 километри и висинска разлика (качување и спуштање) од 1000 метри што значи дека трката спаѓа во некоја средно-тешка категорија. За подобро ориентирање – најбрзиот финишер го очекуваме за нешто над 2 часа, а просекот ќе финишираат за 3-4,5 часа движење низ живописниот предел на планината Бушева.

Мапа – https://tracedetrail.com/en/trace/trace/61090

Трката има за цел да ве однесе низ едни од најинтересните и живописни локации во околината на Крушево – споменикот Илинден – Македониум, Крушевското Езеро, битката кај Слива, месноста Вршник, највисокиот врв на планината Бушева – Мусица 1788 м.н.в, Станич и ќе финишира низ крушевските сокаци во самата чаршија.

ПРАВИЛА И ПРОПИСИ НА ТРКАТА – ЛИНК ОД МК ВЕРЗИЈА

Трката е отворена за сите полнолетни лица.

Временски лимит – 5 часа

 

КОГА?

Фестивалот When in Krusevo ќе се одвива викендот од 29.06 до 01.07.2018 (петок до недела).

Трката ќе биде во недела 01.07.2018 со старт во 09 часот наутро.

 

КАДЕ?

Стартните броеви ќе се делат викендот во сабота и недела наутро пред трката на дополнително одредено место во Крушево – ќе бидете известени.

Стартот на трката е закажан за месноста Гумење пред спомен куќата на Тоше Проески – ГПС – 41.374876, 21.246813

Финишот ќе биде во чаршијата.

Во текот на фестивалскиот викенд ќе биде отворен камп за сместување на Крушевско Езеро – во близина на стартот, а учесниците ќе имаат можност за фантастичен викенд со повеќе спортско-рекреативни и културно-уметнички содржини.

 

КАКО?

Трката е вклучена во стартниот пакет (по цена од 400 денари) на фестивалот When in Krusevo 2018 кој ќе се одвива викендот на 29.06 до 01.07.2018 низ целиот град Крушево.  http://wheninkrusevo.mk/

Пријавувањето за фестивалот (и воедно за трката со штиклирање во формуларот) се одвива на следниот линк – https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSevVmLqn55bnInX0R0DgC8621eYKXnUK8KaLexuDnqu5fIuzQ/viewform

Плаќањето на котизација во износ од 400 денари се врши Онлајн преку сервисот на When in X – https://www.wheninx.com/service/outdoor-festival-when-in-krusevo-2018

Или на лице место при подигнување на пакетите за фестивалот – Напомена! Потребно е да сте регистрирани за учество во формуларот!

 Стартниот пакет на трката содржи:

  • Стартен број и можност за учество
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Електронско мерење на времето
  • Финишерски медал
  • Онлајн финишерска диплома (која се добива по настанот)
  • Подароци од партнерите на трката

Пријавувањето за трката ќе трае до самиот ден на трката 01.07.2018 – на лице место на настанот – со прикажување на ваучерот што следува во фестивалскиот стартен пакет.

Максимален број на учесници на трката

  • 200 луѓе – до исполнување на квота