Официјална програма 2026

Почитувани,
Поттикнати од богатата традиција, култура и природните убавини кои ги нуди Крушево и неговото опкружување со особено задоволство ви ја претставуваме програмата на тридневениот “outdoor” фестивал – „When in Krusevo“, кој ќе се одржи во Крушево од 03.07.2026 – 05.07.2026, повторно нудејќи бројни outdoor активности, МТВ тури, планинарење, трчање, адреналински параглајдинг погледи, незаборавни јавања низ крушевската природа, забавни и други настани.
Во рамките на „When in Krusevo 2026“ ќе бидат организирани низа активности, според следната агенда:
Петок 03.07.2026
- 16:00-20:00 пристигнување и пријавување на учесниците во Крушево
- 18:00 chillout zone во камп зоната на крушевско езеро
- 19:00 Warm – Up, Манифест бар
- 21:00 официјално отворање, Градски парк
- 22:30 Влатко Гроздановски, Градски парк
- 00:30 SEMPRE, Градски парк
Сабота 04.07.2026
- 07:45 Планинарска тура 10км (Старт: Манастир св. Преображение)
- 08:30 Велосипедска тура 20км (Старт: Спомен куќа Тодор Проески)
- 12:00 – 18:00 Дневни активности:
- 11:00 Крос-кантри велосипедска трка Oxygen, Ресторан Алто, Станиќ
- 11:00 Адреналински парк, chillout zone – Ресторан Алто, Станиќ
- 11:00 Промотивен тренинг со ласерски пушки Biathlon 4all, Ресторан Алто, Станиќ
- 12:00 Забава на отворено, Ресторан Алто, Станиќ
- 12:00 Кајак, SUP, јавање на коњи, chillout zone, Крушевско езеро
- 17:30 Јога, Крушевско езеро
- 19:00 Warm – Up, Манифест бар
- 21:00 забава на отворено, TOTSIL, Градски парк
- 22:30-00:30 АРЕА, Градски парк
- 01:00-03:00 The After, Градски парк
Недела 05.07.2026
- 10:00-15:00 Посета на музеи и запознавање на историјата и традицијата
- 10:00-16:00 Тандем параглајдинг на Мечкин Камен
- 11:00 Chillout zone, Kрушевско езеро и Ресторан Алто, Станиќ
- 11:00 – 13:00 ИНКЛУЗИВЕН НАСТАН:
- 11:00 Детски игри со Космонаутко (Гумење)
- 11:00 Еко едукација со Лео (Гумење)
- 11:30 Саем на храна и пијалаци (Гумење)
- 14:00 Еко акција, Гумење
- 18:00 Затворање на фестивалот
*Организаторот го задржува правото да изврши евентуални корекции и измени на програмата на фестивалот.
Со почит,
ЕД Аутдор Манифест Крушево

