За оваа година подготвивме нови возбудливи патеки за ново незаборавно велосипедско доживување низ планинските предели на некогашната славна Крушевска република. МТВ турата започнува од Спомен куќата на Тоше, во непосредна близина на Кумитскиот камп, поминува низ дебелата сенка на Крушевска корија, искачувајќи се до највисоката точка на турата (1600 мнв), до манастирот св. Преображение, каде ќе биде направена првата получасовна пауза. На само 50-тина метри од манастирот се наоѓа Крстот над Крушево од каде ќе уживате во спектакуларниот поглед кон Крушево и западниот дел на Македонија. После паузата продолжуваме да возиме off-road (и нешто по кумитски асфалт) спуст, продолжувајќи низ крушевските шуми и полиња сѐ до самиот крај на турата – до кумитското одморалиште Бегова Корија, каде ќе биде послужен заеднички ручек.
Извозете го кумитското Крушево како некогаш славните крушевски Кумити и Војводи!

– МТБ Тури:
o Подолга Кумитска авантура https://www.strava.com/routes/13485079
o Пократка Кумитска авантура https://www.strava.com/routes/13485079

Важно: MTБ турите ќе ги водат искусни водичи кои го познаваат теренот.