Официјална програма 2025

 

Почитувани,

Поттикнати од богатата традиција, култура и природните убавини кои ги нуди Крушево и неговото
опкружување со особено задоволство ви ја претставуваме програмата на тридневениот outdoor
фестивал – „When in Krusevo“, кој ќе се одржи во Крушево од 08.08-10.08.2025, повторно нудејќи
бројни outdoor активности, МТВ тури, планинарење, трчање, адреналински параглајдинг погледи,
незаборавни јавања низ крушевската природа, запознавање со културата и традицијата на
Крушево и многу дружење, забава и насмевки.

 

Во рамките на „When in Krusevo“ ќе бидат организирани низа активности, според следната агенда:

 

Петок 08.08.2025

16:00-20:00 Пристигнување и пријавување на учесниците во Крушево, поставување на шатори на
Крушевското езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите.
18:00 Chillout zone на Крушевско езеро
18:00-20:00 Детски фестивал СИДО, Летна сцена Гумење
21:30 Официјално отворање концерт Трето Колено, споменик “Илинден”
23:00 – 01:00 Забава на отворено Revelation, споменик “Илинден”
01:00 – 02:30 Bapchu

 

Сабота 09.08.2025

07:45 Планинарска тура 8км (Старт: Манастир св. Преображение)
09:30 Велосипедска тура 20км (Старт: Спомен куќа Тодор Проески)
12:00-18:00 Дневни активности:
12:00 Забава на отворено TOTSILLY, (Ресторан Алто, Станиќ)
12:00 Вештачка карпа, адреналински парк, изнајмување на велосипеди и четириколки,
chillout zone – Ресторан Алто, Станиќ
13:00 Кајак, SUP, јавање на коњи, chillout zone (Крушевско езеро)
17:00 Промотивен тренинг во биатлон со ласерски биатлонски пушки Biathlon 4all, Гумење
22:00 – 23:30 Забава на отворено, Мемфис Мафија, Градски парк
23:30 – 01:00 ДУПЕР, градски парк
01:00 03:00 DOMENICO TALESA Градски парк

 

Недела 10.08.2025

10:00-15:00 Посета на музеи и запознавање на историјата и традицијата
10:00-16:00 Тандем параглајдинг на Мечкин Камен
11:00 Chillout zone, Kрушевско езеро и Ресторан Алто, Станиќ
11:00 – 14:00 Дневни настани
11:00 Инклузивен настан за подигнување на свеста за социјално ранливите лица и
детски игри (Градски парк)
11:15 Музички настап на социјално ранливи лица
11:30 Театарска претстава
11:30 Саем на храна и пијалоци (Градски парк)
16:00 Еко акција, ресторан Алто, Станиќ
18:00 Затворање на фестивалот

Превземи ја програмата на следниот линк.

o Организаторот го задржува правото да изврши евентуални корекции и измени на програмата на фестивалот.
Имињата на изведувачите ќе бидат дополнително дефинирани согласно обезбедениот буџет.

Покровител НУ ЦК Десет Дена Крушевска Република – Крушево

Со почит,
Тимот на WHEN IN KRUSEVO!