Од 4ти до 6ти август 2017, се одржа првото издание на аутдор фестивалот „When in Krusevo“, целта беше да се промовира убавината на Крушево и неговото опкружување, можноста што ја нуди Крушево за outdoor и adventure спортовите, како и потенцијалот на Крушевското езеро како локалитет што треба уште многу да се промовира и да се користи од посетителите.

Во текот на едно месечната кампања, зад фестивалот застана општината, локалните угостители како и многу поддржувачи од цела Македонија. Присуствуаа голем број на гости, се вклучија во планинарските, велосипедските тури, а многу од нив за прв пат уживаа во тандем параглајдинг. Во тек на викендот се одржаа два концерта на кои присуствуваа повеќе од 2000 постители, а настапија истакнатите македонски изведувачи Фолтин, Бекдор Бенд, Хај Старт, DJ Galoski, Rootboy Selector, Крејзи Славе и DJ Бапчу.

 

Day 1, 2017

Day 2, 2017

Day 3, 2017

 

Дел од медиумската промоција за 2017:

https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/da-se-bide-vo-krushevo

Аутдор фестивал “WHEN IN KRUSEVO”

When in Krusevo, фестивал на адреналин и култура