ПРОТОКОЛ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА WHEN IN KRUSEVO
- Користење на заштитна опрема, маски или марами од страна на сите учесници и тимовите задолжени за организација на When in Krusevo.
- Задолжително одржување на физичко растојание од 2 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, при влез и излез од активностите, а се препорачува физичко растојание од 2 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација во текот на реализација на настанот.
- Средства за дезинфекција ќе бидат поставени на влезот од Параглајдинг инфо центарот.
- Задолжителна дезинфекција и носење на маска или марама при подигање на пакети на секој учесник.
- При подигање на пакетите во Параглајдинг инфо центарот дозволено е влегување само по еден учесник во просторијата.
- Организаторите на кајак и SUP, јавање на коњи, качување на вештачка карпа, летање со параглајдер и останати активности се обврзуваат да обезбедат средства за дезинфекција на секој учесник пред користење на истите.
- Задолжително носење на маска или марама во текот на целото време на активностите, како и дезинфекција на раце при почеток на истите.
- Параглајдинг инфо центарот за подигање на пакетите ќе биде отворен во периодот од 01-ви до 10-ти август од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.